Избори во Турција и во Кина: Ангела  е најубава на Медитеранот, а Бисера има потенцијал

Убавици од Македонија, членки на модното студио „Црнокрак“ кои ги има лиценците за Македонија,  учествуваа на два интернационални избори за убавина. Едниот се одржа во Анталија, Турција – Кралица на Евроазија (Queen of Eurasia 2019), а другиот во Лонган, Кина – Мис Глоуб Туризам (Miss Tourism of the Globe 2019).

На двата избори претставничките  од Македонија успеаја да освојат титули. Во Турција 21-годишната кумановка Ангела Спасовска ја освоји титулата Кралица на Медитеранот(Queen of Mediterranean), како најубава од девојките од медитеранските држави, а во Кина младата 16-годишна Бисера Цуцулова од Скопје ја освои титулата Мис Потенцијал (Miss Potеntial), како најдобра во конкуренција на учесничките до 18 години.

Победничка на изборот во Турција, на кој учествуваа 40 девојки од Евроазија беше претставничката на Русија, а во Кина во конкуренција на 60 девојки од исто толку држави од целиот свет победи убавицата од Франција.

Убавиците на изборите во Кина и во Турција се претставија во креации на нашите модни дизајнерки Љумние Љоки и Соња Методиевска.