Избори во Србија: Членови на избирачки одбор си размениле шлаканици


 

Од вкупно 8.267 избирачки места во Србија, сите се отворени утрово, освен бројот 77 во Нови Пазар, каде се случи инцидент. Како што пишува „Блиц“ таму дошло до тепачка меѓу членовите на комисијата.
Според Локалниот фронт, здружение кое е еден од набљудувачите на изборите во Нови Пазар, дошло до конфликт меѓу членовите на комисијата од редовите на две партии.

Си удриле шлаканици, ситуацијата многу брзо се смирила, но полицијата излегла на местото на настанот.

Наводно, до конфликт дошло за време на дискусијата за светлечките билборди со столбови, кои не биле отстранети кога почнал изборниот молк.

Некои од тие билборди, пак, беа покриени со најлонски кеси.

„Избирачкото место број 77 се наоѓа во Пазар, а по пријава на полицијата е отворено и редовно се гласа“, ова за Танјуг го потврди претседателот на градската изборна комисија во Нови Пазар, Радослав Милиќ.

Појасни дека на некои места имало некои помали проблеми предизвикани од технички нејаснотии или субјективни причини, бидејќи, како што рече, на секое место има голем број контролори кои „се обидуваат да решат проблем на свој начин“.

Милиќ изјави и дека, според информациите што ги има, сите овие проблеми се решени и дека постапката за гласање се одвива нормално.

Тој за РТС изјави и дека по инцидентот утрово гласањето на едно избирачко место набрзо било нормализирано.

Како што наведе, инцидентот и физичката пресметка меѓу две лица се случиле на избирачкото место во основното училиште „Братство“, каде интервенирала полицијата.