Избори во САД: Трамп или Бајден, кој ќе стигне до потребните 270 електорски гласови


Се пребројуваат гласовите од претседателските избори во САД. Посебно се важни гласовите во т.н. „колебливи“ држави, каде однапред не се знае победникот, за разлика од традиционално демократските или републиканските сојузни држави.

Претседателот на САД, Доналд Трамп го победи демократскиот кандидат Џо Бајден во Охајо, една од клучните држави, покажуваат податоците засновани на 94 проценти од преброените гласови.

Според „Фокс њуз“, Трамп освоил 53,5 проценти од гласовите, додека Бајден 45,1 проценти од гласовите.

Трамп освои повеќе од три милиони гласови, а Бајден повеќе од два и пол милиони гласа. Победникот на изборите во Охајо има 18 изборни гласови од 270, што е неопходно за победа. Трамп победи и во Ајова и Тексас.

Џо Бајден накратко им се обрати на граѓаните на Делавер. Тој ги повика да бидат трпеливи кога се бројат гласовите и им изрази благодарност за гласовите.

„Ние се чувствуваме добро таму каде што сме. Ние навистина се чувствуваме добро. Знаеме дека пребројувањето на гласовите ќе потрае, мора да бидеме трпеливи. Но, мора да знаеме дека секој глас се брои. Се чувствуваме добро“, рече Бајден во обраќањето пред граѓаните.

Тој додаде дека е благодарен на сите ширум САД. Тој ги повика граѓаните да ја задржат вербата.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, тврди дека неговите противници се обидуваат да ги „украдат изборите“, иако тој не понуди доказ и нагласи дека наскоро ќе одржи говор.

„Ние сме ГОЛЕМИ, но тие се обидуваат да ги УКРАДАТ изборите. Никогаш нема да им дозволиме да го сторат тоа. Гласовите не можат да бидат дадени по затворањето на избирачките места!“ , објави Трамп на Твитер, по период од неколку часовно молчење на социјалните мрежи.

„Вечерва ќе дадам изјава вечерва. Голема ПОБЕДА!” наведе тој во вториот твит.

Претходно, изборните власти во Мичиген, Висконсин и Пенсилванија соопштија дека вечерва (по локално време) нема да можат да ги соопштат изборните резултати.

Мичиген носи 16, Висконсин 10, а Пенсилванија 20, што значи дека на вкупно 46, веројатно одлучувачки, електорски гласови ќе мора да се чека некое време.

Според Си Ен Ен Доналд Трамп има 132, а Џо Бајден 205 електорски гласови. Според АП, Трамп – 137, Бајден – 209. Според Фокс Трамп – 204, а Бајден – 227 електорски гласови.

Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.

Медиумите кои ги следат изборите во минута јавувата дека според последните проекции од Минесота, фаворит е Бајден, зголемувајќи го бројот на неговите изборни гласови на 215.

Според последните проекции, Доналд Трамп е во предност во државата Ајдахо. Тоа му дава уште четири изборни гласови, па затоа во моментов има 136 гласа. Истоврмено, за според истите предвидувања, Бајден сè уште има 205 изборни гласови

Првичните прребројувања најавија дека се одвива тесна борба меѓу актуелниот претседател Доналд Трамп и кандидатот на демократите Џо Бајден во клучните држави Флорида, Џорџија, Северна Каролина, Пенсилванија и Тексас.

Според проценките на Њујорк Тајмс, Трамп е во добра позиција да ја освои Флорида, што доколку се оствари ќе има добри шанси за нов мандат во Белата куќа. Но сепак, ќе треба да освои и повеќе клучни држави, каде засега заостанува зад Бајден, кој е во предност во Охајо, Северна Каролина и Пенсилванија.

Во традиционалното упориште на републиканците – Тексас, сега се води неизвесна трка, а Трамп води во Џорџија.

Без големи изнесувања, кандидатите си ги освоија „своите“ држави, па така Бајден победи во Вирџинија, Вермонт, Масечусетс, Мериленд, Илиноис, Њу Џерси, Њујорк, Роуд Ајланд, Дистрикт Вашингтон и Делавер.

Трамп победи во Оклахома, Мисури, Алабама, Тенеси, Индијана, Кентаки, Западна Вирџинија, Арканзас, Јужна Дакота, Вајоминг и Мисисипи.

Светските обложувачници ги следат изборите во САД од минута во минута, а во однос на пред два часа, околу 4:00 часот по наше време, Доналд Трамп беше фаворит – останува во Белата куќа.

Во тоа време, коефициентот за актуелниот претседател беше околу 1,20 (шанси 83,3 отсто), а за демократскиот кандидат Џо Бајден 4,50 (шанси 22,2 отсто).

Сепак, два часа подоцна, ситуацијата се смени, па околу 6:00 часот по средноевропско време, Трамп (коефициент 1,80) има мала предност пред Бајден (2,00) – шанси 55 отсто спрема 45 отсто.

Пред почетокот на изборите, ситуацијата беше во корист на Бајден, бидејќи шансите за него беа 1,50, а за Трамп 2,70.