Избори во Данска, голема шанса за промена на власта


Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен распиша избори за 5 јуни, на кои, според анкетите, неговата коалиција ќе доживее пораз од лево ориентираните социјалдемократи.

-Светот е во состојба на дезинтеграција, рече Расмусен, обраќајќи се во Парламенот и набројувајќи разни проблеми, од климатските промени до миграциската криза.

Гласачите, според досегашните анализи, повеќе се наклонети кон неговата ривалка, лидерката на социјалдемократите 41-годишната Мет Фредериксен.

Таа вети уште „позелена политика“ во земјата, која веќе се истакнува со своите силни еколошки резултати.

Фредериксен, исто така, зазеде цврст став за миграциската политика, со што доби поддршката и од
десно ориентирани избирачи.

Во изборната трка ќе учествуваат повеќе нови партии, кои се обидуваат да привлечат избирачи меѓу другото и со ветување за многу строги имиграциски закони.