ИВЗ: Заев преку судот изврши упад во ИВЗ


Владата на чело со премиерот Зоран Заев изврши упад, пуч во Исламската верска заедница, обвини Муарем Вејсели од ИВЗ по решението на судот со кое се менува досегашниот Реис Сулејман Реџепи, а на негово место е именуван Скендер Бузаку.

Вејсели вели дека решението на судијката е скандалозно и донесено е врз основа на фалсификувани документи и обвини дека зад оваа судска одлука стои Заев. Тој тврди дека тие како членови на Ријасетот воопшто не биле информирани дека Реџепи си дал оставка и дека воопшто не била одржана вонредна седница за смена на Реисот. Оние кои биле потпишани ан записникот тврди дека не биле членови на Ријасетот, ниту вработени во ИВЗ.

„Судијката веќе доставила и барање за смена на раководството и во Централниот регистер. Дали имаме работа со правда, ова се ненормални судии, тие треба да бидат во зоолошка“, вели вејсели.

Тие ги отфрлаат одлуките на судот и тврди дека со ова е направен упад во автономијата ан ИВЗ.

„Бараме од владата на Зоран Заев да се извинат. Ова на премиерот не му се простува, треба да биде внимателен што прави со политичките хулигани околу него. Ние како ИВЗ сме спремни да се соочиме јавно со Владата на Заев“, порача Вејсели.