Иванови им се заблагодарија на македонските граѓани за поддршката


Претседателот Ѓорге Иванов на свечена церемонија му ја предаде функцијата на новиот претседател Стево Пендаровски, кој од денеска и официјално стапува на должност.

По тој повод, Иванови им се обратија на граѓаните преку Фејсбук.

„Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од сесрце им благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка.

Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија. Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува!“, порача семејството Иванови на Фејсбук.