Иванка Трамп ја скрати косата: Дали боб фризурата ќе и го подобри имиџот?


Колумбија- Советничката во Белата куќа, Иванка Трамп (37), најстарата ќерка на претседателот Доналд Трамп ја скрати косата. Новата боб-фризура ја покажа додека излегуваше од авионот во Богота, Колумбија каде три дена ќе ја промовира женската иницијатива за глобален развој и просперитет, за чија цел ќе ги посети и Аргентина и Парагвај. Иванка долги години носеше долга коса во истата, руса нијанса.

Многумина се сомневаа во нејзините квалификации и компетентност да биде на настани од висок профил, вклучувајќи го и Г-20, каде што таа беше на сцената со светските лидери, како и на историскиот состанок на претседателот со Ким Џонг-ун во демилитаризираната зона меѓу Јужна и Северна Кореја.

Многумина тврдат дека претседателот ја води земјата како семеен бизнис и му штети на интересот на државата преку непотизам. Критиките особено започнаа кога тој ги назначи Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џерад Кушнер, како советници во 2017 година, тестирајќи го законот против непотизам.

Растечкото портфолио на Иванка Трамп исто така создава шпекулации за тоа што е следно.

„Луѓето се прашуваат дали ова е знак дека можеби Иванка ќе биде иден политички водач“, рече Зак Купер од Американскиот институт „Ентерпрајс“, додавајќи дека може да се види дека патот е таков.

Експертите истакнуваат дека Американците можеби се подготвени да прифатат семејства во владата, но само доколку се квалификувани.

Трамп и самиот беше против политичките династии во минатото, вклучувајќи ги и критиките кон Буш и Клинтон за да победи во Белата куќа.

Одговарајќи на прашање за намерите со неговата ќерка, Трамп рече дека не ја подготвува за политичка функција.

Иванка Трамп, претходно, ја одби работата во Светска банка затоа што била задоволна со сегашната улога.

Кога влезе во Белата куќа Иванка, го изгаси својот контроверзен моден бренд, по една година дистанцирање од компанијата.

Откако стана десна рака на својот татко, нејзиниот бренд постојано беше под напади од јавноста затоа што ја злоупотребувала својата положба и ги рекламирала модните парчиња „Иванка Трамп“ како подвижен билборд, носејќи ги на настани и промовирајќи ги на социјалните мрежи.