Иванишевиќ: Политичарите собираат поени на наш грб


Хрватска – Горан Иванишевиќ синоќа беше гостин на „РТЛ“ откако одговори на неколку прашања преку видео-врска во врска со неодамнешните случувања на „Адрија тур“ и големиот број на заразени тенисери и тренери.

На почетокот тој ја откри состојбата на Новак Ѓоковиќ.

– Се слушнавме и не му е лесно. Тој е многу добро, ако ги погледнеме околностите. Тој ќе издржи сè, силен е, но за него не е лесно“, рече Иванишевиќ.

На прашањето зошто Ѓоковиќ не се тестирал во Хрватска, легендарниот тенисер вели: „Бидејќи на денот кога се случи тоа, по препорака на персоналот, кој ни рече дека секој играч може да биде тестиран во својата земја, тој реши да замине во Белград. Играчите отидоа на тест самостојно“.

Во однос на тоа зошто не биле тестирани пред да пристигнат во Хрватска, Иванишевиќ вели дека „немало потреба“.

– Така рече министерот Берос. Никој немаше симптоми, тренерот на светскиот рекет бр.1.

Тој истакна дека се чувствуваат одговорни, но дека му пречи што тој се претставува како единствен виновник.

– Се чувствуваме одговорно, ова беше една голема, одлична работа. Жал ми е за сите заразени, но на некои работи не може да се влијае, така и во овј случај. Единствено што ме мачи е дека ние сме главни виновници и луѓето собираат политички поени на наш грб, а во Задар има најмалку заразени. Сè падна на наш грб, тоа не е во ред, рече легендарниот „Зец“, цитиран од Индекс.

Тој досега е тестиран двапати, а го чека уште еден тест.

– Бев тестиран минатата среда и во понеделник. И двата теста се негативни, се надевам дека ќе има трет во сабота. Не ми бегаат 14 дена самоизолација, додаде Иванишевиќ и заклучи: „Се случи тоа што се случи и сега е лесно да се биде паметен за тоа што беше потребно, што не. Посакувам заразените да закрепнат брзо.