Иванишевиќ: Чест ми е што сум тренер на Ѓоковиќ


Австралија-Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ денеска изјави дека српскиот тенисер постигна неверојатен успех триумфирајќи над Гркот Стефанос Циципас во финалето на Австралија Опен.

Ѓоковиќ денеска по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен, откако во финалето го совлада Циципас со 6:3, 7:6 (7:4), 7:6 (7:5). Српскиот тенисер со триумфот во Мелбурн го освои 22. Грен слем трофеј во кариерата.

„Она што е Новак е неверојатно. Денеска играше и добро и лошо. Не се лутам кога Ѓоковиќ ми вика се додека победува. Добро ми е што и да каже или вика“, изјави Иванишевиќ во Мелбурн.

Тој истакна дека е импресиониран од форхендот на српскиот тенисер на мечот со Циципас.

„Меѓутоа, кога се повреди мораше да игра поагресивно и тогаш блесна неговиот форхенд. Ѓоковиќ останува на врвот на светската листа уште неколку години. Веројатно уште 2,3 години. Ова е негов терен“, додаде хрватскиот селектор.

По мечот Ѓоковиќ се приближи до ложата каде што беше сместен неговиот тим, а потоа заплака.

„Ѓоковиќ ги остави емоциите кога се приближи до нашиот шеснаесетник. Беше многу емотивно за сите нас. Кога Ѓоковиќ почна да плаче, испушти се што голташе со денови. Тој направи нешто неверојатно, тој е од друг свет. Како човек кој е во тенисот 30 и повеќе години, воодушевен сум… Чест ми е да бидам тренер на Новак Ѓоковиќ“, истакна Иванишевиќ, пренесе Танјуг.

Тој изјави дека овој Австралија опен е посебен по многу нешта поради се што се случи.

„Ѓоковиќ поминуваше многу време во автомобилот, бидејќи одеше од терапија на терапија“. Тој помина повеќе време во автомобилот отколку во претходните 15 години. Најмногу се плашеше од Григор Димитров, но на крајот ги победи сите противници“, заврши Иванишевиќ.