„Ив Сен –Лоран“ ја прескокнува Модната недела во Париз: Не е време за гламур


Франција- „Ив Сен – Лоран“ објави дека планира да се откаже од својатa нова колекција за ревијата на Париската модна недела за претстојната сезона пролетт 2021 година и нема да го следи пропишаниот календар на колекции до крајот на 2020 година. Како основна причина за оваа одлука, францускиот моден бренд, и подружница на луксузниот конгломерат „Керинг“, ја наведува пандемијата на коронавирусот.

„Свесен за моменталните околности и нејзините бранови на радикални промени, Сен -Лоран одлучи да ја преземе контролата врз своето темпо и да го смени својот распоред“, се вели во изјавата на компанијата. „Сега повеќе од кога било, брендот ќе води свој ритам, легитимирајќи ја вредноста на времето и ќе се поврзе со луѓето на глобално ниво со приближување до нив во нивниот простор и живот“.

Ревиите на Сен Лоран – кои во позадината секогаш ја имаат Ајфеловата кула – се едни од најбараните за време на Модниот месец. Навистина, уметничкиот директор на брендот, Ентони Вакарело, ги вклучи во брендот француските мотиви, како одраз на ставовите на нацијата. Но, во ова време на неизвесност, кога се шири заразата од короната што резултира со затворање на деловни активности на глобално ниво, гламур и луксуз не е пораката што тој сака да ја пренесе.

„Пандемијата COVID-19 нè принуди наеднаш и целосно да ги промениме нашите навики, однесување и интеракции со другите“, рече Вакарело за WWD. „ Нашата одлука да не бидеме дел од претходно утврден календар оваа година, произлегува од нашата желба да ја признаеме важноста на нашето време, на нашиот живот. Одреден начин на живеење повеќе од одреден начин на облекување. Забавувањето и живеењето во моментот ги открива сите слабости на затворената организација. Она што сега не е во мода е распоредот на целиот систем: ревиите, изложбените салони, нарачките “.

„Фактот дека продавниците ширум светот се затворени веќе неколку недели, а некои производствени места исто така, влијаеја на рокот на траење на колекциите“, додаде Франческа Белетини, претседател на Сен – Лоран и претседател на Chambre Syndicale de la Mode Féminine, француско управно тело за женска облека. „Ова треба да се земе предвид при развојот на следните пред-колекции, а секоја марка ќе го стори тоа на начин што најдобро одговара на нејзината понуда“.

Објавата следи по одлуката на Марк Џејкобс да ја прескокне Њујоршката модна недела, објаснувајќи дека заради COVID- е речиси невозможно да се создаде колекција.

Вакарело очигледно се соочува со истите проблеми, заедно со други модни дизајнери кои се опоравуваат од ефектите на пандемијата. Брендовите, за да бидат сигурни, треба внимателно да ги проценат нивните стратегии и да утврдат дали ревија за време на Модниот месец е ефикасна форма на комуникација – неизвесна надеж ќе биде краткорочна.

„Најавата на Сен- Лоран дека нема да одржуваме настани во 2020 година според вообичаениот календар, не ја намалува улогата или важноста на Модната недела во Париз – што е, едноставно, најдобриот во светот“, рече Белетини. „Париз е местото каде што секој дизајнер се стреми да се покаже. Ова не е збогум на Модната недела во Париз, но промената што сметаме дека е неопходна во овој момент и во овие исклучителни околности, сега е поважна.