Итно предупредување за лекарите: Се повеќе деца во Велика Британија имаат симптоми на ковид-19


Лекарите во Велика Британија добија итно предупредување дека расте бројот на деца со сериозни симптоми слични на корона вирус.

Лекарите од општа пракса се предупредени дека во последните три седмици во Велика Британија се повеќе деца заболуваат со симптоми налик на корона вирус, но дека ковид-19 ретко ги погаѓа децата.

Почетно предупредувањето е објавено за лекарите од општа пракса во северен Лондон, а потоа го потврди и Педијатриското друштво за интензивна нега, кое во неделата итно ги алармираше сите лекари, пренесе Скај њуз.

Тие предупредуваат дека дошло до пораст на бројот на деца од сите возрасти со мултисистемска воспоалителна состојба која бара интензивна нега.

Професорот Стивен Повис, директор на Националната здравствена служба на Англија, вели дека ова прашање се третира како итно, но дека е прерано за воспоставување врска со корона вирусот.

Тој предупреди на тоа дека болеста е “многу, многу ретка“.

Главниот медицински советник на владата Крис Вит, вели дека постои можност дека ковид-19 и тешкото заболување кај децата се поврзани.

Педијатриското друѓтво вели и дека родителите би требало да знаат дека „сериозно разболување од ковид-19 кај деца е многу ретко“.

Сепак, Друштвото во име на Националната здравствена слушба, ги предупреди лекарите дека дошло до мал пораст на бројот деца со токсичен шок или атипични симптоми на болеста кавасаки, која е проследена со болки во стомакот, гастроинтестинални и срцеви воспаленија.

Случаите кои ги виделе имале „крвни параметри во согласност со тешка инфекција со корона вирус“.

Некои деца кои ги имаат овие симптоми позитивно се тестирани на ковид 19, а некои порано го имале вирусот, но кај некои не е забележан.

„Расте загриженоста дека инфламаторниот синдром поврзан со САРС-ков2 се појавува кај децата во Велика Британија или дека можеби постои уште еден, до сега неидентификуван инфективен патоген, поврзан со овие случаи“, соопшти Друштвото.