Итна евакуација во трговски центар во Санкт Петербург, маж пријавил дека подметнал експлозив


Во Санкт Петербург се евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар „Лондон мол“.

Како што пренесува Б92, маж повикал полиција и рекол дека наводно подметнал експлозив во трговскиот центар „Лондон мол“ на улицата Колонтај.

Тој е приведен, но не сакал да каже каде го поставил експлозивот.

Зградата во моментов ја прегледуваат експерти за експлозиви.