Италијанските синдикати против планот за почеток на новата школска година


Патници на аеродромот „Фјумичино“ во Рим

Италијански синдикати остро ја критикуваа министерката за образование Луција Азолина и нејзиниот план за почеток на новата учебна година во септември, објави весникот „Ил Фато Котидиано“.

Министерството за образование соопшти дека учебната година ќе започне на 14 септември и дека, според министерката, нема да има нови затворања поради пандемијата.

Владата одобри две милијарди евра за новата учебна година, која се чини дека е голема сума, но кога ќе се подели според бројот на училиштата, тоа значи дека секое училиште ќе има на располагање околу 300.000 евра за трошоците за помали поправки, адаптација и реорганизација на часовите.

Синдикатите тврдат дека тоа не е доволно, дека неопходното прилагодување на новите безбедносни мерки е одложено поради Ковид-19 и дека парите нема да бидат доволни за да се покријат трошоците за 56.000 наставници и 16.000 дополнителен персонал што им се потребни на италијанските училишта.

Медиумот додава дека не поминале сите точки на реформите што ги предложила министерката.