Италијанскиот кантавтор Капосела ќе ја затвори балканската турнеја со изведба на италијански фолколрни песни

Во Музејот на македонската борба во Скопје вечер ќе биде затворена балканската турнеја на еден од најпознатите италијански кантавтори, Виничо Капосела, кој во придружба на Виктор Хереро, Андреа Ламаќиа и Винченцо Вази, ќе изведе репертоар на италијански фолклорни песни.
Концертот е застапен од ИМАРТС (International Music And Arts) со поддршка на регионот Емилија-Ромања, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот институт за култура од Белград и во соработка со Музејот на македонската борба.