Италијански сеизмолог: Земјотресот ја помести Турција за три метри
Претседателот на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, Карло Дољони изјави дека движењето на тектонските плочи го предизвикало земјотресот во Турција и ја поместил територијата на таа земја за три метри.
„Она што ние го нарекуваме Арапска плоча се помести за три метри во правец североисток-југозапад во однос на анадолската плоча“, рече Долјони, додавајќи дека има поместување од три метри во должина од околу 160 километри, пренесе „Дејли мејл“.