Италијански кондуктер добил отказ оти издал 5.000 казни, судот го врати на работа


 

Франческо Бонано е италијански кондуктер во воз кој е отпуштен од работа, затоа што наводно неоправдано издал неколку илјади казни. Врховниот суд одлучил дека отказот е незаконски.

Овој 61-годишник бил обвинет дека ги тероризирал патниците со тоа што во неколку години издал рекордно голем број казни. Тоа се случило додека ги контролирал картите на железнички линии на компанијата „Трениталиа„, во северните делови од земјата.

„Трениталија“ во 2017 година примила жалби од патници кои кондуктерот ги казнил, а тоа ги чинело 10.000 евра, а за кои железничката комапнија одлучила дека се неоправдани. Бонамо, кој живее во близина на Венеција, казнувал патници оти немале карти или имале невалдни карти.

По откажот се жалел на суд. Врховниот суд олучил дека отказот е неоправдан, а компанијата мора да го врати на работа. Судот го опишал како кондуктер кој работел со „необичен жар“ и кој бил „нефлексибилен“ кон патниците. Дека е исклучително педантен и не стекнал никаква лична корст.

Бонано, кој е кондуктер 38 години, во интервју за „Кориере дела Сера“, вели дека казните биле оправдани и издал дури 5.000/ Порачал дека на работа потребна е строгост и вели дека негова работа е да се осигура дека сите кои патуваат со воз имаат валидни карти.

„Не сум авторитарен или насилник, патниците ме сакаат“, вели тој.

Неговиот адвокат вели дека не слушнал некој да добие отказ оти предобро си ја врши работата. Случајот за него е парадкосален и вели компанијата со издадените казни заработила 200.000 евра.