Италијански кардиолог кој го преживеа вирусот – Ноќе ми беше најтешко


Лекарите и медицинските сестри во римската болница „Касалпалоко“ тивко се движат низ пациентите кои лежат беспомошно во креветите опкружени со апарати што им мерат витални знаци.

Медицинскиот персонал строго се придржува кон протоколите за безбедност. Секој е од глава до пети е во заштитна облека, со заштитни раквици,  маски и заштитни очила.

Медицинските сестри редовно ги чистат ракавици со гел за дезинфекција. Еден по еден, излегуваат накратко надвор да земат здив на свеж воздух.

Еден од пациентите кој заздравил  е 65-годишниот кардиолог Фабио Биферали, кој поминал осум дена изолиран од светот на одделението за интензивна нега.

„Имав чудни болки, како некој да ми седи на грб. Како лекар, си реков дека е пневмонија. Не можам да зборувам за тоа ,а да не заплачам. Солзите доаѓаат лесно сега“, изјавил Биферали.

„Терапијата со кислород е тешка, потрагата по радијална артерија е болна. Некои други очајни пациенти извикуваа ‘доволно, доволно’. Најлошото е во текот на ноќта. Не можев да спијам, просторијата беше преплавена од вознемиреност. Во текот на денот, лекарите доаѓаат, медицинските сестри доаѓаат, доставуваат храна. И во текот на ноќта кошмарите доаѓаат. Смртните случаи“, опиша тој.

„Бидејќи не можев да спијам ги броев здивовите на еден човек до мене со стоперицата на мојот мобилен телефон. Си поставив задача дека мора да се грижам за него и така престанав да размислувам за себе“, објаснува Бифарели.

Тој потенцира дека научил важна лекција од ова.

„Од сега ќе се борам за јавното здравје. Ова не смее да се третира како вежба и да се остави во рацете на политичарите. Мора да го одбраниме еден од најдобрите здравствени системи во светот“, заклучува кардиологот.