Италијанска гала магија со „Жените на Пучини“ во НОБ (галерија)


Вчеравечер, публиката имаше ретка привилегија да биде дел од еден навистина незаборавен музички настан – гала вечер „Жените на Пучини” посветена на композиторот Џакомо Пучини. Емоциите во фоајето на Националната опера и балет беа видливи, бидејќи магијата на неговите композиции оживеа преку изведбите на врвните оперски солистки кои го оставија секој присутен без здив.

Гала вечерта ја отвори Биљана Јосифов со аријата на Лиу “Signore Ascolta” од операта „Турандот“, а подоцна, ја изведе и аријата на Лаурета “O mio babbino caro” од операта „Џани Скики

Единаесет популарни арии од оперите „Турандот“, „Боеми“, „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ испејаа солистките на Операта на гала концертот „Жените на Пучини“, сношти во режија на Дејан Прошев, во рамките на „Месец на Пучини“. Публиката со голем аплауз по врвните изведби ги испрати Весна Ѓиновска-Илкова, Сандра Митровска, Павлина Новакова-Георгиев, Злата Тошевска-Димовска, Александра Лазаревска-Василевски, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов и Илина Митревска, кои настапија во пијано придружба на Андреј Наунов.

Пред гала настанот, гостите можеа да ја погледнат  и изложбата „Пучини низ историјата на МОБ“ со дела од архивата на Операта.

Фото: М. Угарковиќ

 

Втора настапи Злата Тошевска Димовска со аријата на Манон “In quelle trine morbide”, од операта „Манон Леско”
Илина Митревска изведе две маестрални арии од делата на Џ. Пучини: aријата на Магда “Chi il bel sogno di Doretta“ oд операта “La Rondine“ и Suor Angelika – Senza Mamma
Катерина Стојановска настапи четврта со аријата на Мими “Si. Mi chiamano Mimi” од операта „Боеми“
Александра Лазаревска Василевски живописно ни ја долови аријата на Музета “Quando m’en vo” oд операта „Боеми“
Аријата на Џорџета “Е ben altro il mio sogno” од операта „Плаштот“ ја изведе Павлина Новакова Георгиева
Сандра Митровска имаше две емотивни изведби, аријата на Манон Леско “Sola, perduta, abbandonata“ и аријата на Чо Чо Сан “Tu Tu Piccolo Iddio” од операта „Мадам Батерфлај
Весна Ѓиновска-Илкова ја затвори вечерта со аријата на Флорија Тоска “Vissi d’arte”, од операта “Toска” и ја воодушеви публиката

 

Италијанскиот амбасадор во заминување, Андреа Силвестри