Италијански доктор тврди дека корона вирусот „од тигар, мутирал во дива мачка“


 

Италијанските доктори тврдат дека корона вирусот од некогашниот тигар ослабел и мутирал во дива мачка и дека би можел сам и без вакцина да исчезне во иднина.

Професорот Матео Басети шеф на клиниката за заразни болести во болницата „Сан Мартин“ во Италија рече за „Телеграф“ дека Ковид-19 ја губи силата во последниот месец и дека пациентите кои порано умирале поради заразата сега се опоравуваат.

Тој ја гледа причината за слабеење и влијанието кое сега го има на пациентите  во генетската мутација на вирусот кој го прават смртоносен. Друга потенцијална можност е дека луѓето се придржуваат до физичка дистанца, па поретко се случува да се заразат.

Басети ја објасни својата теза со тоа што рече дека во март и во април вирусот бил тигар, а дека сега е како дива мачка, велејќи дека постарите пациенти кои порано поради заразата биле врзани за кревет сега може да дишат самостојно.

Но многу научници сепак тврдат дека не постојат никакви докази за тоа дека вирусот се менува.