Италија забележа највисок број инфекции од април

Италија во саботата пријави 2.844 нови случаи со корона вирус, што е највисока бројка од април, кога земјата сè уште беше во карантин.

Уште дваесет и седум лица починаа со вирусот во последните 24 часа, а бројот на жртвите сега изнесува 35.968. Вкупниот број на потврдени случаи на земјата достигна 322.751.

Италијанската влада објави нови мерки за запирање на епидемијата што ќе бидат воведени овој месец, вклучително и носењето маски задолжително во јавноста во секое време.

Министерката за внатрешни работи Лучиана Ламоргезе изјави дека владата исто така размислува да ја искористи војската за да помогне во спроведувањето на новата акција. Но, и покрај напливот во случаите на Ковид, владата инсистира дека нема планови за нова блокада.