Италија се повлекува од иницијатива „Појас и пат“ на Кина


 

Италија ја извести Кина дека се повлекува од иницијативата „Појас и пат“, објави Ројтерс.

Италија е единствената земја од Г7 која се приклучи на програмата, која се фокусира на трговијата и инфраструктурата.

Договорот на Рим со Пекинг ќе се обнови автоматски во март 2024 година, освен ако Италија не даде најмалку тримесечно писмено предупредување.

Сепак, „Кориере дела сера“објави дека италијанската влада, исто така, испратила писмо до Кина во кое изразува желба да одржи стратешко партнерство.

Овој потег доаѓа додека Урсула фон дер Лајен, шефицата на Европската комисија и Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, треба да се сретнат со кинескиот лидер, Ши Џинпинг, на самитот во четврток.