Италија – расте бројот на излекуваните, но пак и на починатите


Од почетокот на епидемијата во Италија се потврдени 152.271 лице позитивни на корона вирусот (денешниот број е 4.694). Денеска починаа 619 лица и со тоа вкупниот број изнесува 19.468. Бројката на излечени денеска е за 6,8 отсто поголема –  4.694 (вкупно 32.534).

Добрата вест е што се намалува бројот на оние што се на интензивна нега 3.3б1, што е за 116 помалку од вчера; 28.144 се хоспитализирани со симптоми, а 68.744 се во домашна изолација.

Ломбардија и натаму е далеку пред сите региони по смртност – над 10 илјади, додека втора Емилија Ромања со околу 2.500.