Италија: Продолжува да опаѓа бројот на починати од корона вирус


Во Италија денеска починаа 119 лица, што е помалку од вчера кога имаше 130 починати.
Како што соопшти Цивилната заштита, бројот ан новозаразени за малку е зголемен, односно има 669 нови случаи, за разлика од вчера кога имаше 652.

Од 21 февруари наваму вкупно починаа 32.735, наведува Ројтерс. Италија е трета земја по бројот на жртви по САД и Велика Британија.
Цивилната заштита потврди дека вкупно заболени се речиси  230.000 од почетокот на епидемијата, а Италија е на шесто место според заболените по САД, Русија, Шпанија, Британија и Бразил.
Во моментот во критична состојба се речиси 58.000 заболени, а на интензивна се лечат 572 пациенти.
ДО сега оздравеа 138.840, а тестирани се 2.164.000 од околу 60 милиони жители.