Италија отвора два аеродрома по два месеца


Италија најави дека следната седмица го отвора аеродромот „Чампино“ во Рим и „Перетола“ во Фиренца, кои беа затоврени поради пандемијата со корона вирус.

Двата аеродрома беа затворени од 13 март, а повторно ќе се отворат на 4 мај за патнички сообраќај, соопшти италијанското министерство за сообраќај.

„Чампино“ главно го користат нискотарифни авиокомпании, посебно „Рајанер“, додека “Петерола кај Фиренца, по големина е втор во Тоскана, по аеродромот во Пиза.

Италија на 4 мај почнува да ги ублажува мерките воведени поради пандемијата, а повторното отворање на аеродромите ќе овозможи да се провери новиот систем по прашањето на сопирање на пандемијата, наведува министерството, без други детали.

Пред затворањето, италијанските аеродроми воведоа систем на мерење температура на патниците со термички скенери.