Италија од Алжир ќе увезува дополнителен природен гас


 

Премиерот на Италија Марио Драги во понеделник ќе го посети Алжир во рамки на напорите Италија да ја намали зависноста од руски гас. Според извори блиски до премиерот, Алжир ќе се сложи извозот во Италија да го зглоеми за 50 отсто.

Алжир ќе се обиде да го зголеми извозот на гас во Италија за 9 до 10 милијарди метри кубни на годишна основа до крајот на 2022 година. Во 2021 година Италија од Алжир увезе 21 милијарди метри кубни гас, сошѓто Алжир стана втор најголем извозник на гас во Италија. Најмногу гас Италија увзе од Италија и тоа 29 милијарди метри кубни.

Ова зголемување Алжир ќе го направи најголем извозник на гас во Италија.

Алжирската државна компанија која се занимава со експлоатација на гас „Сонтрах“, во април соошти дека има само неколку милијарди метри кубни вишок. Сепак, изјавија дека во период од четири години може да го дуплираат производството.

Во Алжир, италијанскиот премиер ќе се сретне со претседателот на Алжир Абделмаџид Тебуне. Договорот што ќе го потпишат ќе се однесува на инвестиции во обновлива енергија и гас.

Алжир гасот го праќа низ три гасоводи, два одат во Шпанија, а еден наречен ТансМед во Италија. ДОполнителни проблеми прави тоа што Мароко поради политички несогласувања со Алжир блокира еден од гасоводите кон Шпанија.

Минатиот месец италијанскиот нафтен гигант „Ени“ заедно со „Сонтрак“ објави дека пронашле големо наоѓалиште на нафта во алжирската пустина.