Италија ја укинува обврската за носење маски во јавниот превоз

Италијанците повеќе нема да бидат задолжени да носат маски во јавниот превоз, соопшти Министерството за здравство.
Во соопштението се наведува дека условот за носење маски во возовите, автобусите и траектите, кој истекува денеска, нема да се обнови. Маските остануваат задолжителни само за болниците и домовите за стари лица.
Италија е една од земјите што беше најтешко погодена од коронавирусот. Смртните случаи поврзани со Ковид таму надминаа 177.000 од почетокот на пандемијата во 2020 година.