Италија ја покрена „Операцијата Крабурун“ – осомничени и Македонци

 

Италијанското обвинителство ја заврши прелиминарната истрага против разгранета мрежа шверцери на дрога од дури десет држави, а осомничени се 237 лица.

Италијанската полиција за време на „Операцијата Крабурун“ откри како функционира мрежата на шверцери на кокаин, хероин и марихуана, кои дрогата во Италија ја носеле од Албанија, Турција, Холандија, Шпанија, Белгија, Македонија, Хрватска, Франција и Германија.

Лидери на оваа организација, како што наведуваат италијанските власти се Франческо Абрузезе, Масимо Албанезе и Албанците Едмонд и Алфред Беќири, Ндуе Соколји и Арбен Велјико.

Сите 237 наводни шверцери на дрога се осомничени и за производство на супстанци кои пред продажбата ги мешале со хероин.