Италија го продава државниот авиопревозник, веројатно на германската „Луфтханза“


Италијанската премиерка Џорџа Мелони официјално ја одобри продажбата на почетниот малцински удел во ИТА Ервејс, во настојувањето да ја олесни полната приватизација на државниот воздушен превозник.

Со нацрт-уредбата во која „Ројтерс“ имал увид, се пропишува дека воздушниот превозник кој го купувба мора да поседува мнозински дел во ИТА по завршувањето на приватизацијата, јасно давајќи на знаење дека владата не сака фондови да купуваат воздушна компанија.

На понундувачите, исто така им се овозможува купување на удел низ едно или повеќе зголемувања на капиталот. „Луфтханза“ е главен кандидат, соопштија изворите. Потсетуваат дека германскиот воздушен превозник објави дека во непосредна иднина сака малцински удел во италијанската авиокомпанија.

„Луфтханза3 и ИТА одбија да го коментираат владиниот потег, но извршниот директор на ИТА, Фабио Лацерини во средата објави дека разговорите со германската компанија е „многу соработувачки“. За да се убрза процесот на продажба со декрет отстранета е обврската на Министерството за финансии веднаш да го продаде многизнскиот удел во превозникот, како што на почетокот на годината одреди владата на поранешниот премиер Марио Драги.

Се проценува дека ИТА вреди околу 500 милиони евра

Исто така, се наведува дека Министерството за финансии мора да има право на глас за сите нови акционери во текот на процесот на преговарање.

Приватизацијата на авиопревозникот кој во 2021 година официјално ја замени „Алиталија“ која работеше со загуба, се покажа како главоболка за италијанскиот државен трезор.

Според спогодбата со Европската Унија, Италија пред крајот на 2023 година, треба да вбризга уште 250 милиони евра во ИТА.

Извори од индустријата проценуваат дека ИТА, која минатата година бележи оперативна загуба од 170 милиони евра, вкупно вреди околу 500 милиони евра

Времето на ексклузивни преговори со американскиот фонд со приватен капитал „Certares“, Ер Франц КЛМ и „Делта“ заврши во октомври без договор, што покрена ново отворање на процесот.

„Луфтханза“ во почетокот беше партнер со бродардката група МСЦ во наддавањето за ИТА, но групата во ноември објави дека повеќе не е заинтересирана за таа трансакција.