Италија го надмина прагот од 100.000 починати од Ковид-19


Италија со денешните 318 починати од кроона вирус го надмина прагот од 100.000 жртви на Ковид-19, една година откако изби заразата, објави денеска Министерството за здравство.

Вкупно во Италија досега починаа 100.103 луѓе, а најзафатените региони се Ломпардија со близу 30.000 починати, Емилија-Ромања со близу 11.000 и Пиемонт и Венето со близу 10.000 жртви.

„Овие денови се наоѓаме пред ново влошување на здравствената криза. Секој мора да направи сè што може за да се ограничи ширењето на вирусот. Но, пред сè мора Владата да ја одработи својата работа“, изјави премиерот Марио Драги.

„Пандемијата не ја победивме, но со забрзано вакцинирање можеме да го наѕреме исходот кој не е далеку“, додаде тој.

Министерот: Нѝ требаат построги мерки

Минатата недела тинк-тенк организацијата за здравство ГИМБЕ извести за 33-отстотен пораст на заразени за периодорт од 24 февруари до 2 март со 123.000 нови случаи, најмногу од декември наваму.

„Со тие бројки нѝ требаат построги мерки“, напиша вчера на Фејсбук министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

Досега во Италија се дадени 5,4 милиони дози вакцина, но само 1.6 милиони примија две дози.

Во моментот, во 10 региони е прогласена портокалова зона, шест се жолти, три црвени и една, Сардинија, бела.