Италија ги попушта мерките, Холандија ги укинува маските


 

Благодарение на падот на бројот заразени со корона вирус, Италија во понеделик дополнително ќе ги попушти мерките за органичување против Ковид-19, а Холандија го уникува носењето маски од 26 јуни.

Сите мерки, освен за северната Долина Аоста, ќе бидат во зона на слаба рестрикција, најави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца во петокот во Рим.

Некои мерки на ограничување ќе останат на сила, па така и понатаму е задолжително носењето маски и држењето дистанца.

Во Италија, земја со 60 милиони жители, во петок е забележано 1.150 новозаразени и 35 починати од последиците на Ковид-19 во 24 часа.

Бројот нови случаи на 100.000 жители во седум дена во Италија падна на отприлика 16,7, тврдат стручњаците.

Холандија го укинува носењето маски

Поради падот на новозаразени со корона вирус, од 26 јуни заштитните маски за лице во повеќето случаи нема да бидат потребни, а ублажувањето на останатите ограничувања ќе почне следната недела, рече во петокот холандскиот премиер Марк Руте.

Повеќето мерки за собирање исто така, се укинуваат на 26 јуни, се додека луѓето меѓусебно можат да бидат оддалечени 1,5 метри, изјави тој на конференција за печатот.

Нови ограничувања за број на гости во продавниците, баровите и рестораните нема да се поставуваат, рече Руте.

Луѓето и понатаму ќе мора да носат маски во јавниот превоз и во аеродромите каде не е можно дистанцирање.

Стапката на зараза во Холандија во последната недела падна на најниско ниво во последните девет месециа, а за тоа придонесе забрзаната кампања на вакцинација.

Порано овој месец властите допуштија повторно отворање на баровите и рестораните.

Владата соопшти дека до средината на јули планира барем уште една доза вакцини за секој возрасен во Холандија.

Досега во Холандија потврдени се 1,7 милиони заразени со корона вирус и повеќе од 27.000 смртни случаи.