Италија ги поддржува идеите на Макрон за проширување на ЕУ
Италија ги споделува амбициозните предлози за реформи на ЕУ на францускиот претседател Емануел Макрон за проширувањето, изјави италијанскиот министер за европски прашања Винченцо Амендола на последната седница на Конференцијата за иднината на Европа во понеделникот во Стразбур.
Говорејќи во Европскиот парламент на Денот на Европа, Макрон предложи изградба на нова „европска политичка заедница“ и ги сподели своите предлози за реформи. Иницијативата на францускиот претседател е во согласност со препораките дадени од некои италијански политичари, вклучително и поранешниот премиер и актуелен лидер на Демократската партија Енрико Лета.
Италија „го споделува амбициозниот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон за изградба на поширок политички простор за проширување на Европската унија“, рече Амендола пред пратениците во Стразбур.
„Од ЕУ се очекува да направи одлучувачки чекор напред во енергетската соработка и во областите како што се надворешната и одбранбената политика. Само кохезијата на ЕУ во овој историски момент може да не заштити од заканата од војна“, рече тој.
Италијанскиот потсекретар, исто така, појасни дека „иднината на ЕУ зависи од реформата на договорот“ и додаде дека итната потреба да се напуштат „минатите колебања за проширувањето, особено за некои земји како Албанија и Северна Македонија“.