Италија е трета земја со повеќе од 30.000 мртви


Италија денеска стана трета земја во светот во која бројот на мртви од ковид-19 надмина 30.000, откако денеска починаа 243 луѓе.
Од избивањето на епидемијата на 21 февруари, во Италија починаа 30.201 човек, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Само САД и Велика Британија имаат поголем број жртви на новиот корона вирус.
Бројот на новозаразени денеска во Италија е 1.327, што е незначителен пад во однос на претходниот ден, пренесе Ројтерс.
Вкупно заразени се 217.185 лица, по што Италија исто така е на трето место по САД и Шпанија.