Италија: Дојдете мене да ми кажете дека нема Ковид и дека можеме на танц во дискотека


Медицинскиот техничар Марко Белафјоре, од римската поликлиника „Умберто 1“ реагираше на однесувањето на луѓето во Италија во текот на епидемијата.

„Дојдете мене да ми кажете дека се е во ред, дека нема Ковид и дека можеме слободно да танцуваме во дискотека. Во меѓувреме, ние овде сме затворени во херметички костими, на 30 степени’, вака на фејсбук страницата пишува медицинскиот техничар Белафјоре.

Тој на саркастичен начин им објасни на луѓето што може да се случи ако не ги почитуваат правилата и опиша колку работа има додека цело време е под маска, скафандер и го вдишува истиот топол воздух со часови заради туѓите глупости.

https://www.facebook.com/marco.bellafiore/posts/10164004335635162

„Баш ви е гајле, нема вам да ви се случи да завршите со цевка во устата, … ако тоа се случи, тука се будалите кои за додаток од 100 евра бруто месечно работат полни смени облечени како нуркачи… З..е.и ги правилата. Одите на одмори, јасу уште не сум бил. МОжеби заради тоа сум контроверзен’, напиша тој.

За само неколку часа, неговите зборови на социјалните мрежи се пренесени неколку илјади пати, а тоа е една од ударните вести и во многу италијански медиуми.

Во Италија бројот на заразени постојано расте веќе втора седмица, а во последните 24 часа забележани се нови 629 случаи со Ковид-19.