Италија денеска забележа најмногу случаи со Ковид-19 од почетокот на мај

 

Италија, која до сега беше меѓу земјите кои релативно беа поштедени од повторно избивање на заразата со корона вирус, во последните 24 часа забележа нови 845 случаи.

Министерството за здравство вчера јави за 642 нови случаи кои во однос на вторникот почна да покажува раст на кривата.

„Не сме во така лоша состојба како Франција и Шпанија, но сегашната ситуација не е задоволителна“, оцени професор Масимо Гали, шеф на одделението за инфективни болести во миланска болница.

Според него, скокот на бројот нови случаи се должи на завршување на мерките на изолација кој даде чувство на лажна сигурснот.

„Треба да внимаваме или че се најдеме во тешка ситуација“, предупреди тој.

Ги спомна и патувањата, не сакајќи да ја префрли вината на младите, но рече дека го погодиле случаите како на пример враќањето на девет млади од Хрватска позитивни на корона вирус.

За разлика од првиот бран кога заразата беше концентрирана на северниот дел од земјата, сеха е зафатена целата територија.

Според податоците од министерството шестмина починале во последните 24 часа, со што вкупниот број жртви е 35.418, а заразени вкупно 256.118 луѓе.