Италија: Бројот на починати од Ковид-19 надмина 70.000, најмногу во Европа

Бројот на починати од корона вирус во Италија се зголеми во изминатите 24 часа за 553, што претставува намалување во однос на претходниот ден кога изнесуваше 628, соопшти Министерството за здравство.

Со најновиот биланс, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Италија надмина 70.000 и изнесува 70.395, најмногу во Европа.

Бројот на новозаразени се зголеми за 14.522, што е повеќе во споредба со претходниот ден, кога изнесуваше 13.318.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја од корона вирус се инфицирани речиси два милиона луѓе.

Во италијанските болници моментно се наоѓаат 24.546 пациенти.