Италија: Бројот на починати од Ковид-19 двојно се зголеми од вчера


Бројот на починати во последните 24 часа во Италија е 92, што е значително повеќе од вчерашните 50.

Бројот на новозаразени се зголеми за 300, што е помалку од вчера кога имаше 531 заразен, пренесе Ројтерс.

Сепак, во вчерашниот извештај во бројот на починати не беа внесени податоците од Ломбардија, најзагрозениот регион во земјата, поради технички проблеми.

Засега не се знае дали бројот на починати во Ломбардија вчера е внесен во денешната бројка што за тој регион изнесува 34.

Вкупно во Италија од Ковид-19 починаа 32.877, што е трет најголем по САД и Vелика Британија.

Заразени се 230.158, па Италија е на шесто место во светот.