Италија без двајца клучни играчи за мечот против Македонија


Новиот италијански фудбалски селектор Лучијано Спалети мораше во последен момент да го менува планираниот состав за утрешниот квалификациски натпревар против Македонија во Скопје.

И покрај тоа што беше планиран за левата офанзивна позиција, ѕвездата на Јувентус Федерико Киеза денеска се пожалил на повреда .

Тој и дефинитивно нема да игра, исто како и Лоренцо Пелегрини, кој исто така се претпоставуваше дека ќе стартува за селекцијата на Италија.