„И(с)згубени“ на Филмски фестивал во Ирска


Кусометражниот филм „И(с)згубени“ – „Mi(s)sing dog“ во режија на Антонио Вељаноски ќе биде прикажан на годинaшното издание на Фестивалот за кратки филмови Фастнет Филм Фестивал што од 22 до 26 мај се оддржува во Скул, Ирска.

Филмот ќе има три проекции во официјалната програма на Фестивалот кој важи за еден од најдобрите филмски фестивали за краток филм според платформата за кратки филмови „filmfreeway“.

„И(с)згубени“ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во пошта, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Тоа ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот…

Главната улога ја толкува чешкиот актер Јан Качер, заедно со кучето кое се вика Ируна и актерката Марие Дурнова. Директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев Новоградска, продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Летра.