Истрели во близина на Министерството за сообраќај во Kаракас


Министерот за одбрана на Венецуела, Пардино Лопес изјави дека армијата ќе ги употреби сите расположливи средства за да спречи обид за државен удар.

Неговата изјава уследи откако група приврзаници на Хуан Гуаидо тргна кон резиденцијата на претседателот Николас Мадуро.

– Секој кој ќе дојде до претседателската палата и употреби насилство ќе биде спречен со насилство. Ако мораме ќе употребиме оружје, посочи Лопес.

Во меѓувреме венецуелските медиуми објавија дека се слушнале истрели во близина на Министерството за сообраќај во Каракас. Наводно полицијата пука во непознати лица кои стрелале врз луѓе.