Истрага против 19-годишник од Куманово за трговија со марихуана и амфетамин


Основното јавно обвинителство Куманово отвори постапка против 19-годишен кумановец осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Осомничениот 19-годишен жител на Куманово во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 305,91 грам и амфетамин со нето маса од 4,29 грама. Дрогата била пронајдена на 6 јуни при претрес на домот, скриена во близина на звучник од музички систем во неговата соба. При претресот биле пронајдени и дигитална вага и дрвена дробилка, информираат од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Куманово, ценејќи дека се исполнети сите основи до Основниот суд во Куманово поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот, по што судија на претходна постапка му определи притвор во траење од 30 дена.