Историски пожари го пеплосаа западот на САД
Климатските промени кои носат многу посуво време ги направија пожарите поексплозивни и и речиси невозмо да бидат ставени под контрола
Десетици луѓе се водат за исчезнати, а се верува дека најмалку 23 лица загинаа во историските пожари во запад на САД што беше причина за принудни евакуации, за исцрпување на пожарникарските екипи и креирање дезинформации.
Жителите на Портланд, Орегон, се разбудија во петокот силно загаден воздух од чад што го затемни сонцето и го направи небото портокалово-црвено. Стотици пожарникари се борат со два големи пожари кои се заканија дека ќе се спојат во близина на најнаселениот дел од Орегон, вклучувајќи ги и предградијата на Портланд, а гувернерот рече дека десетици луѓе се водат како исчезнати во другите делови на државата.
Директорот за управување со вонредни состојби во државата, Ендрју Фелпс, рече дека официјалните лица се подготвуваат за „настан со масовна смртност“ и дека илјадници структури се уништени. Гувернерот на државата, Кејт Браун, рече дека повеќе од 40.000 жители на Орегон се евакуирани и околу половина милион луѓе се под некаков вид налог за евакуација.
Историски пожари беснеат во западниот дел на САД. Во најтешко погодените држави Калифорнија, Орегон и Вашингтон, речиси 100 пожари уништија рекордни површини на пејзажи во услови на суво време и високи температури влошени од климатската криза.
Градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, објави вонредна состојба на пожар, што му дозволи да ги активира центрите за евакуација, да направи посебна одредба за бездомното население во градот и да ги затвори славниот градски парк шума и другите големи зелени природни области, каде дрвјата можат да ги разгорат пожарите. Портланд во петокот беше прогласен за град со најлош квалитет на воздухот во светот, според веб-страницата IQAir.
Јужно од градот, пожарите се движат толку брзо што некои луѓе кои беа евакуирани и отидоа во засолниште, мораа повторно да бидат евакуирани.
Недалеку од Портланд, пожарникарите во петокот беа загрижени дека гигантскиот пожар Риверсајд во близина на евакуираниот град Молала, кој веќе изгоре 50.000 хектари, може да се спои со друг смртоносен пожар.
Тој последен пожар е веднаш на југ и веќе изгоре 73.000 хектари, го уништи крајезерскиот град Детроит, убивајќи 12-годишно момче и неговата баба, кои се обидуваа да побегнат од пламенот.
Властите во државата, исто така, се борат да се справат со поплава на дезинформации во врска со пожарите, бидејќи луѓето ширеа непоткрепени објави на социјалните мрежи, обвинувајќи координирани групи на пиромани и од крајната левица и од крајната десница за поставувањето на пожарите.
ФБИ во петокот соопшти дека истражиле неколку тврдења и утврди дека се невистинити, додека официјални лица во Орегон и државата Вашингтон се обратија до Фејсбук за да ги урнат конкурентските наративи; некои објави ги обвинуваат активистите на Антифа, а други тврдат дека екстремно десничарската група „Гордите момци“ се одговорни за подметнување на пожарите.
Во државата Вашингтон изгореа 242.000 хектари. Гувернерот Џеј Инсли, кој беше кандидат за претседател на Демократската партија со билет што ја става климатската криза како број 1 со кој се соочува Америка и светот, рече дека невообичаено сувите услови и високите температури предизвикани од климатските промени ги прават пожарите „толку експлозивни“.
На прес-конференција во петокот, тој рече дека пожарите на северозападот на земјата не треба да се нарекуваат пожари, туку „климатски пожари“.
„Ова не е дело на Бога“, рече Инсли. „Ова се случи затоа што ја сменивме климата во државата Вашингтон на драматични начини“. (Гардијан)