Исмет Гури и Ејуп Алими добија затвор по 3, 5 години

Фото: Б. Грданоски

Исмет Гури и Ејуп Алими, обвинети во случајот „Титаник 3“ добија 3 години и шест месеци казна затвор за изборни нерегуралности во Чаир за време на локалните избори одржани во 2013 година.

Пред објавување на пресудата судијката Марија Клетничка образложи дека обвинетите преправиле списи, записници за гласање, сумирање и утврдување на гласовите, при што додавале и одземале гласови на повеќе избирачки места.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше вратена од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка.

Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.