Исланд казнет за истакнување на палестинското знаме на Евросонг во Тел Авив


Швајцарија– Европската радиодифузна унија (EBU) и одреди парична казна на исландската државна телевизија РУВ, поради групата Хатари, која на 64. издание на Евросонгот во Тел Авив, го истакна знамето на Палестина.

„Еуроњуз“ објави дека РУВ е казнета со парична казна поради претставникот на Исланд, која на натпреварувањето во Тел Авив го истакна палестинското знаме.

ЕБУ смета дека оваа постапка ги крши правилата со кои се забранува испраќање политички пораки на ова натпреварување. ЕБУ ја казнил РУВ со 5.000 евра, што е минимална парична казна која ја изрекува европскиот радиудифузер.

Членовите на групата Хатари во текот на читањето на резултатите го истакнаа знамето на Палестина, што предизвика бројни реакции.