Ислам Абази нема да бара нов мандат како државен обвинител


Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, најави дека нема да се кандидира за втор четиригодишен мандат на оваа функција.​

„По осум години човек треба да знае дека е доволно, треба да им се даде можност и на другите колеги“, изјави Абази, ставајќи точка на шпекулациите околу неговата евентуална повторна кандидатура.

Пред да застане на чело на ОЈО ГОКК во ноември 2022 година, Абази раководеше со Вишото јавно обвинителство во Гостивар од 2018 година. Најави дека таму ќе се врати по завршување на мандатот.