Исчистени депонии зад „Капитол“ и на улиците „Даме Груев“ и „Џон Кенеди“
Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 100 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Аеродром и Центар.
Активностите се одвиваа на улиците „Христијан Тодоровски-Карпош“ и „Џон Кенеди“, како и булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, во реонот зад ТЦ „Капитол“ во општината Аеродром, како и на улицата „Даме Груев“ во строгиот центар на градот, каде што е забележано одлагање обемни количини отпад од картонска амбалажа.