Исчистена депонијата кај Американската амбасада во Скопје
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје секојдневно се соочува со непрописно одлагање отпад на
јавни површини и на просторот околу контејнерите.
Претпријатието секојдневно реализира активности за расчистување на непрописно одложениот отпад.
Во текот на вчерашниот ден расчистена е една од локациите каде постојно се повторува
непрописно одлагање отпад,а тоа е просторот кај бул. „Никола Карев“ кај игралиштето
спроти Американска амбасада.
Собрани и транспортирани се околу 50м3 отпад. По расчистување на просторот извршено е рачно и машинско миење со автоцистерна.
ЈПКХС апелира до несовесните граѓани да не се одлага отпадот непрописно, сè со цел да
придонесеме за чиста и здрава животна средина.