Исчезнатите девојчиња пронајдени, зошто ги немаше два дена не се знае


 

По два дена потрага денеска се пронајдени двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се пронајдени во парк во скопската населба Чаир, кај продажен објект.

Полицијата соопшти дека „денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул. ‘Џон Кенеди’, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници по деноноќна потрага, пронајдени се малолетничките М.К. (15) и А.А. (12)“.

Тие беа излезени од дома во четвртокот кога отишле на училиште и потоа им се загуби трагата.

Од МВР велат дека по документирање на случајот двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители.