Исчезната жена по две години пронајдена среде океан (видео)

Жена од Колумбија која две години се водела како исчезната, беше пронајдена жива на два километра од брегот на градот Пуерто Колумбија, во водите на Атлантскиот Океан.

Анхелика Гаетан (46) случајно ја пронашол рибарски брод во саботата. Таа просто, лебдела во водата без пловило. Била истоштена, со хипотермија и не знаела каде се наоѓа.

Полицијата почна истрага за случајот, за да се открие каде била спасената жена изминативе две години и како завршила во океанот.

Според тамошните медиуми, таа останала во вода најмалку осум часа пред да биде префрлена в болница. Долго време била во шок.

Нејзиното семејство веќе почнало да собира пари за таа да се врати во Богота.

 

Amigos les comparto todos los vídeos que logré al momento del rescate en Altamar de Angélica Gaitan frente a las costas del municipio de Puerto Colombia el día sábado 26 de Septiembre de 2020 !

Posted by Rolando Visbal Lux on Вторник, 29 септември 2020