Исчезната 48 годишна жена, семејството апелира да пријавите ако ја видите


Семејството на 48 годишната Џемиле Хасани од тетовско Пршовце апелира граѓаните до помогнат во нејзино пронаоѓање со оглед дека од 6-ти мај е оддалечена од дома и не се вратила. Таа е со нарушено ментално здравје, а од куќата заминала синоќа околу 21 часот.

– Случајот е пријавен и во тетовската полиција. Братот на жената посочил локации каде е можно да е лицето и се преземаат мерки за пронаоѓање, информираат од СВР Тетово. Од семејството апелираат доколку некој ја сретне и препознае да се јави на телефонските броеви 044/384-308 или 075/451-512.