Ирска: Вонредната состојба продолжена до 5 мај


Ирска ги продолжува до 5 мај ограничувањата воведени поради коронавирусот, јави ДПА.

Продолжување на мерките најави премиерот Лео Варадкар.

– Знам дека многумина од вас би сакале да знаат кога работите ќе се вратат во нормала и кога животот ќе биде како порано. Ние работиме на ова, но во исто време, внимателно ги планираме работите за да најдеме најбезбеден момент за тоа, додаде Варадкар.

Според најновите податоци во Ирска, има 263 смртни случаи поврзани со респираторното заболување со Ковид-19. Заразени се над 7.000 луѓе.

Вонредните ограничувања на движењето на луѓето се во сила во Ирска од 27 март.